Холандскиот премиер до Европа: „Мора да се обединиме и да им се спротивставиме на Трамп и Путин“

Четврток, 14 Јун 2018 | Прочитано 798 пати.

Холандскиот премиер Марк Рут денес ја повика Европската унија на единство пред заканите за светскиот поредок што доаѓаат и од Русија и од САД.


„Дури и нашиот однос со најважниот сојузник не оди веќе како во минатото“, рече Рут во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур.


Тој потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли Парискиот климатски договор и Иранскиот нуклеарен договор, како и дека воведе царини на челик и алуминиум од Европа.


„Но, се разбира, остануваме пријатели и сојузници“, додаде Рут, повикан во Европскиот парламент да говори за иднината на Европа.


Тој нагласи дека е важно заради сигурноста да се продолжи со дијалог со САД „без оглед на моменталните несогласувања“.


Рут во својот говор исто така ги повика земјите членки да бидат подготвени на нов мигрантски бран, но рече дека е оптимист дека ќе се постигне договор на ова прашање на претстојниот самит на шефовите на државите и владите на крајот на јуни.


„Чиниме што можеме (да се постигне договор), но работите не се едноставни“, рече тој, осврнувајќи се на поделбите меѓу северот и југот на Европа, и истокот и западот.


 

[назад]
loading...
Коментари