Итен состанок на МААЕ за иранската нуклеарна програма

Среда, 10 Јул 2019 | Прочитано 141 пати.

Меѓународната агенција за атомска енергија одржува итен состанок за Иран откако земјата соопшти дека по втор пат го прекршила нуклеарниот договор со светските сили. Состанокот на Управниот одбор на агенцијата е повикан од страна на САД.


Иран соопшти дека намерно прекршил два клучни аспекти од договорот од 2015 година како одговор на одлуката на Вашингтон да се повлече од него и повторно да воведе санкции врз земјата. Техеран сега збогатува ураниум над одредената граница во договорот.

[назад]
loading...
Коментари