Луксембург е прва земја во светот која ќе воведе бесплатен јавен превоз

Четврток, 06 Дек 2018 | Прочитано 375 пати.

Луксембург ќе стане првата земја на светот со бесплатен јавен превоз. Коалициската влада на чело со Хавиер Бетел планира да го укине плаќањето на превозот со возови, трамваи и автобуси и тоа веќе наредното лето, пишува „Гардијан“. Бетел, чија Демократска партија ќе формира влада со левичарската Социјалистичка работничка партија и Зелените, на неодамнешната изборна кампања даде ветување дека ќе даде приоритет на животната средина. Покрај бесплатниот превоз, новата влада, исто така, размислува за легализирање на канабисот и воведување на два нови државни празници.

Цените на возовите, трамваите и автобусите ќе бидат укинати следното лето, таков е планот на реизбраната коалициона влада предводена од премиерот Хавиер Бетел, кој во средата положи заклетва за втор мандат. Градот Луксембург има еден од најгустите промети на светот, поради што и чести сообраќајни метежи. Во него живеат околу 110.000 луѓе, а уште околу 400.000 луѓе секојдневно доаѓаат во градот на работа. Студијата покажала дека возачите во градот поминуваат во просек 33 часа во сообраќајните метежи.

Целата земја има 600.000 жители, а околу 200.000 луѓе од пограничните подрачја во Франција, Белгија и Германија секојдневно доаѓаат да работат во Луксембург.
Владата на Луксембург ова лето веќе воведе бесплатен јавен превоз за секое дете и за сите помлади од 20 години. Учениците во средните училишта пак, имаат бесплатно возење од училиштето до дома. Оние кои работат во градот плаќаат 2 евра за два часа возење со јавниот превоз, пишува „Гардијан“.

[назад]
loading...
Коментари