Макрон не се согласува со Трамп дека Русија ја контролира Германија

Четврток, 12 Јул 2018 | Прочитано 215 пати.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека не се согласува со оценката на неговиот американски колега, Доналд Трамп дека Русија целосно ја контролира Германија, бидејќи Берлин и исплаќа милијарди долари за струја на Москва.


Макрон ова го изјави во Брсел, на НАТО самитот, запрашан за коментар по повод изјавата на Трамп.


Претседателот на САД за време на појадокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг навести дека САД ја штитат Германија, додека Берлин ги склучува енергетските договори со Русија.


Трамп претходно ги критикуваше Франција и другите европски земји поради трошоците во одбраната, но и поради трговскиот договор за кој верува дека е неправеден за САД.

[назад]
loading...
Коментари