Милиони свињи убиени во Кина и Виетнам поради зараза

Петок, 21 Јун 2019 | Прочитано 204 пати.

Милиони свињи се убиени во Кина и Виетнам, откако Агенцијата за храна на Обединетите нации ги повика азиските власти да им биде приоритет борбата против заразната африканска свинска чума.


Некои експерти велат дека тоа е најголемо ширење на епидемијата во историјата, бидејќи агенцијата соопшти дека инфекцијата се раширила во Лаос, објави АП.


Агенцијата за храна во извештајот објави дека повеќе од 3,5 милиони свињи се убиени во регионот откако епидемијата избувна во Кина минатиот август.


Африканската свинска треска е безопасна за луѓето, но е смртоносна и многу заразна за свињите, и нема лек за таа болест.

[назад]
loading...
Коментари