Насилни протести во Иран, еден мртов, шест повредени

Четврток, 17 Мај 2018 | Прочитано 63 пати.

Иранската агенција Фарс јави дека во насилниот протест што избил во градот Казерун на југозападот од земјата настрадало едно лице, а шест се повредени, пренесе АП.


Се наведува дека демонстрантите запалиле полициска станица.


Фарс јави и дека „помал број“ демонстранти се собрале синоќа во овој град на 900 километри јужно од техеран, во кој претходно се одржувани мирни протести против одлуките на локалните власти да поделат одредени делови од градот и да ги спојат за да направат нов град. По тие протести властите ветија дека ќе се откажат од плановите.


Бо Казерун живеат 150.000 луше и тој е дом на племето Кашкај, каде дел од припадниците традиционално носат пушки.

[назад]
loading...
Коментари