Пронајдени се 209 делови од тела: Во несреќата загинала вереницата на хокеар, а најмладата жртва има само пет години

Вторник, 13 Фев 2018 | Прочитано 1,003 пати.

Еден ден после авионската несреќа во која што загинаа 71 лица, во руските медиуми започнаа да се појавуваат имињата на настраданите.


Откако беше објавено дека меѓу загинатите се стујардесата Анастасија Славинскаја и нејзиниот колега, вториот пилот Сергеј Гамбаран, руските медиуми денс откриваат дека една од жртвите е 22-годишната Дариа Толмасова, вереница на рускиот познат хокејар Сергеј Иљин.


Дека Дариа е меѓу настраданите потврди и спортскиот менаџер на неговиот вереник, Шуми Бабиев на социјалната мрежа „Инстаграм“: „Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство на нашиот пријател и неговото семејство. Серјожа, биди храбар и издржи“.


Дариа седела на местото број 59 во авионот кој што вчера попладне се сруши 80 километри од аеродромот „Демодедово“ во Москва, од каде што полетал кон градот Орск во близина на границата со Казахстан.


Како што се претпоставува, Дариа тргнала во Орск кај својот вереник. Иљин е хокејар во клубот „Адмирал“ од Владивосток каде што ја започна сезоната 2017/2018, но во меѓувреме бил испратен на позајмица во клубот „Јужен Урал“ во Омск.


Меѓу најмладите жртви е 12-годишниот Евгениј Ливано и 5-годишната Надежда Красова која што патувала со својата 32-годишна мајка Оксана.


Од руското Министерство за вондредни ситуации соопштија дека биле пронајдени 209 фрагменти од тела на местото на несреќата во близина на Москва. Претходно руската министерка за здравје, Вероника Скворстова изјави дека потрагата по телата на загинатите ќе трае околу една седмица.


Утринава беше објавено дека била пронајдена и втората црна кутија која што на истражителите би можела да им помогне да откријат што точно се случило пред несреќата.


Авионот на компанијата „Саратов Ерлајнс“ Ан-148 летал кон градот Орск и се срушил четири минути после полетувањето од московскиот аеродрм. Како што откриваат руските медиуми, авионот паѓал со брзина од илјада метри во минута, а сведоци откриле дека започнал да се распаѓа во воздух. Ниту еден од 65-те патници и шесте членови на екипажот не преживеал.


Руските власти започнаа истрага за причините на несреќата, а моментално се разгледуваат три опции – човечка грешка, лоши временски услови и технички проблеми. Тероризмот е исклучен.



 


 

[назад]
loading...
Коментари