Се самозапали најпознатиот адвокат за права на ЛГБТ-заедницата

Понеделник, 16 Апр 2018 | Прочитано 84 пати.

Американскиот адвокат Дејвид Бакел изврши самоубиство со самозапалување во Њујорк, во знак на протест против загадувањето, наведуваат американските медиуми.


Бакел стана познат поради неговата активност за заштита на правата на хомосексуалците, како и на сите припадници на ЛГБТ-заедницата. Пред да се самоубите, испратил неколку проштални меилови до медиумиуте.


Во својата порака тој навел дека загадувањето ја уништува нашата планета и дека сите луѓе наскоро ќе умрат како последица на тоа, додавајќи дека неговата смрт треба да сведочи за она што се случува со човечката раса.

[назад]
loading...
Коментари