Се сруши брана во Авганистан, најмалку 10 мртви

Четврток, 12 Јул 2018 | Прочитано 288 пати.

Најмалку 10 лица загинаа кога во северниот дел на Авганистан, поради обилните дождови се сруши брана, соопштија денеска официјалните лица.


Портпаролот на авганистанското министерство за хуманитарна помош, Омар Мохамеди изјави дека околу 300 куќи целосно се уништени во долината Панџшир, која е популарна меѓу туристите и се наоѓа на 140 километри северно од Кабул.



По пукањето на браната, водата го поплави селото, поради што синоќа жителите во паника ги напуштија нивните домови.


Заменикот на локалниот шериф на полицијата, Наџин Кан истакна дека 13 лица се водат како исчезнати и додаде дека стравува оти загинале.



Уништени се 1.000 хектеари земјоделска површина.

[назад]
loading...
Коментари