Јолдеска:Ќе направи сите граѓани да ја чувствуваат oпштината како свој втор дом

 Јолдеска:Ќе направи сите граѓани да ја чувствуваат oпштината како свој втор дом

Почитувани Стружани,Вашите идеи и предлози за подобра општина за нас ќе бидат патот по кој ке чекориме. Веруваме дека преку нашиот пристап, чесност, отвореност и очетност нашите сограѓани ке ја почувствуваат општинската зграда како нивен втор дом.

Ке поставиме принцип на вистинско отворено работење, ги охрабруваме граѓаните да присуствуваат на седниците на советот кои се отворени за јавноста.

Убедени сме дека на овој начин ке придонесеме за подобрување на квалитетот на животот од најмладите до пензионерите. Граѓаните ке имаат улога да го следат развојот на општината и да даваат идеи за креирање на локалните политики, се ке биде јасно и транспарентно.

Општина Струга ќе биде општина за сите. Тоа е нашиот клучен адут. СДСМ е најдоброто за Струга за секоја населба, за секое населено место изјави носителот на листата за советници на СДСМ и коалицијата – Ирина Јолдеска.

>
>