• 03/04/2020
 10 европски градови со најмногу туристички атракции

10 европски градови со најмногу туристички атракции

Ако имате само неколку дена за патување, а сакате да посетите колку што е можно повеќе знаменитости, треба да изберете некој од градовите што отсекогаш биле центри на историските настани.

1. Париз, Франција

Во француската престолнина има околу 5.800 туристички атракции. Без разлика дали сакате да крстарите по Сена, да обиколите околу 300 музеи или едноставно да ѝ се восхитувате на Ајфеловата кула, Париз е тука за да ги исполни сите ваши желби.

10 европски градови со најмногу туристички атракции

2. Лондон, Англија

Втор на списокот на атракции е Лондон, кој има многубројни убаво уредени паркови и музеи, па затоа е невозможно да видите сè само со една посета. Меѓутоа, ако сакате малку да излезете од градот и околните градови имаат што да понудат.

10 европски градови со најмногу туристички атракции

3. Барселона, Шпанија

Нешто повеќе од 5.000 атракции или поточно 5.079, па не е ни чудо што Барселона има толку многу проблеми со големиот број туристи бидејќи тие постојано се враќаат во овој град за да ги посетат најважните знаменитости. Во 2018 година само од крстарења имало 4,4 милиони туристи.

10 европски градови со најмногу туристички атракции

4. Москва, Русија

Без разлика дали сакате да го посетите Црвениот плоштад, катедралата „Св. Василиј“ или сакате да ги видите знаменитостите спомнати во делата на вашите омилени руски писатели, ќе можете да го направите сето тоа затоа што Москва стана многу подостапна и попривлечна за туристите. Љубителите на архитектурата можат да видат многу со само едно крстарење по истоимената река.

10 европски градови со најмногу туристички атракции

5. Прага, Чешка

Прага е сигурно еден од најубавите градови во Европа, а можете да ја посетите кога сакате бидејќи има одлична транспортна врска со поголемите градови и прифатливи цени за транспорт. Ако сте првпат во Прага, не смеете да ги пропуштите Стариот градски плоштад, Карловиот мост и Астрономскиот часовник.

10 европски градови со најмногу туристички атракции

6. Истанбул, Турција

Овој „чувар на портата на истокот и западот“ се најде на шестото место. Во Истанбул има околу 200 велнес и спа-центри, а повеќе од 300 музеи. Архитектурата на градот е разновидна затоа што тој бил во рацете на Грците, на Евреите, на Ерменците итн.

10 европски градови со најмногу туристички атракции

7. Рим, Италија

Многумина ќе бидат изненадени затоа што Рим не е меѓу првите на оваа листа, но пресметано е дека градот има 3.563 атракции. Лесно е да се за заљубите во „Вечниот Град“, но немојте да бидете премногу нападни затоа што градот презема строги мерки против туристите што не ги почитуваат историјата и правилата.

10 европски градови со најмногу туристички атракции

8. Мадрид, Шпанија

Околу 700 атракции од 3.491 што ги има Мадрид се поврзани со ноќните настани и забави. Затоа, пред да заминете на забава со некое јако шпанско вино, добра идеја би било да се одморите во некое удобно сместување. И не заборавајте дека сте во градот во кој се наоѓа музејот „Прадо“.

10 европски градови со најмногу туристички атракции

9. Амстердам, Холандија

Амстердам е одличен град ако сакате одеднаш да посетите многу места. Во овој град можете да ги доживеете најдобрите моменти во животот, но и најлошите, а сè зависи од тоа каков турист сте и што барате. Иако првата асоцијација на Амстердам се легализираната марихуана и проституција, овој град може да понуди многу атракции.

10 европски градови со најмногу туристички атракции

10. Берлин, Германија

Берлин се најде на 10-тото место со 3.475 атракции. Никој не може да ги посети сите атракции со само една посета на овој град. Берлин е еден од градовите во коишто луѓето секогаш се враќаат, но ако сте првпат во овој град, не прескокнувајте го Берлинскиот ѕид, спомениците посветени на холокаустот и уникатните германски барови.

10 европски градови со најмногу туристички атракции
Digiqole ad

Можеби ке те интересира