10 најопасни градови за живот во Европа: Меѓу нив и град од поранешна Југославија

10 најопасни градови за живот во Европа: Меѓу нив и град од поранешна Југославија

Според најновиот извештај за 2019-та година на канцеларијата при Обединетите нации за дрога и криминал, а која се занимава и со стапка на убиства, Европа е побезбедно место за живот од остатокот на светот.

Ниту еден европски град не се најде меѓу 50-те најопасни градови за живот во светот. Така, најопасниот европски град има десет пати помала стапка на убиства на 100 илјади жители од градот кој котира како најопасен во Соединетите Американски Држави.

Интересно е тоа што на листата со 10 најопасни градови во Европа кои имаат најголема стапка на убиства на годишно ниво, три градови се од една држава, а на листата има и еден град од поранешна Југославија.

10. Амстердам, Холандија – стапка на убиства од 2,2 на 100 илјади жители.

9. Будимпешта, Унгарија – стапка на убиства од 2,2 на 100 илјади жители.

8. Тампере, Финска – стапка на убиства од 2,2 на 100 илјади жители.

7. Белфаст, Северна Ирска – стапка на убиства од 2,4 на 100 илјади жители.

6. Целје, Словенија – стапка на убиства од 2,6 на 100 илјади жители.

5. Дебрецин, Унгарија – стапка на убиства од 3,0 на 100 илјади жители.

4. Марсеј, Франција – стапка на убиства од 3,5 на 100 илјади жители.

3. Клајпеда, Литванија – стапка на убиства од 3,9 на 100 илјади жители.

2. Вилнус, Литванија – стапка на убиства од 3,9 на 100 илјади жители.

1. Каунас, Литванија – стапка на убиства од 5,4 на 100 илјади жители.

Според овој извештај, најопасни земји на светот се Авганистан, Централноафриканската Републија, Ирак, Либија, Мали, Сомалија, Јужен Судан, Сирија, Украина и Јемен.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds