11 танчерки и 23 гости затекнати во охридски локал што не ги почитувал мерките против Ковид-19

 11 танчерки и 23 гости затекнати во охридски локал што не ги почитувал мерките против Ковид-19

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против .31 годишен жител од Охрид, и 42 годишен жител од тетовското село Боговиње и против правно лице со седиште на улицата „Железничка“ во Охрид.

На 16.01.2021 година, прво и второ пријавените, во својство на управители и сопственици на правното лице, дозволиле работа на објектот после 18 часот, ангажирале 11 странски државјанки-танчерки и дозволиле присуство на 23 други лица.

Со тоа, постапиле спротивно на одлуките, одредбите, безбедносните протоколи и превентивните препораки за заштита на населението од заразната болест Ковид 19.