Како Baby Shark стана песната со најмногу прегледи во историјата на YouTube?

 Како Baby Shark стана песната со најмногу прегледи во историјата на YouTube?

Нема родител кој не ја слушнал илјадници пати. Нема дете кое за момент не одлетало со мислите кога му ја пуштиле. Колку само оброци имаат изедено вашите најмалечки со помош на ова песна? Baby Shark е најгледаната песна во историјата на YouTube.

Јужнокорејската детска песна ја надмина Despacito, и во моментов има над седум и пол милијарда прегледи.

Компанијата „Pinkfong“ е одговорна за оваа заразна мелодија. Се верува дека оваа песна била присутна во американските кампови уште во 70-тите години на минатиот век. Оттогаш, направени се многу различни верзии со истата мелодија, но јужнокорејската е онаа која успеа да го зарази целиот свет.

Во што е тајната на песничката која го освои светот?

Децата се буквално маѓепсани кога ќе ја слушнат. Во спотот се појавуваат дечиња актери. Мелодијата е многу едноставна и лесно се помни.

Повторувањето е клучно за дечињата кои се мали и имаат ограничен вокабулар, па затоа им се допаѓа. Многу лесно „влегува во уши“ и кај возрасните.

Валори Салимпур, невро научник на Невролошкиот институт во Монтреал, покажа со своите истражувања дека песните за деца предизвикуваат интензивно чувство на уживање кое предизвикува лачење на допамин.

Децата низ текстот во Baby Shark се запознаваат со главните ликови – бебе ајкула, мама и тато ајкула, баба ајкула итн. Текстот нема длабока приказна, но е совршено склопен за децата.

Тие најпрво се запознаваат токму со овие поими во животот – мама, тато, баба, дедо и имаат емоции кон истите. На тој начин длабоко се поврзуваат со песничката.

Покрај ова, важно е и темпото. Кога малите ајкули почнуваат да бегаат, песната станува побрза, а кога се на сигурно, песната забавува. Децата уживаат во оваа промена.

Децата и родителите од целиот свет наоѓаат „спас“ за мир во куќата со сите верзии на Baby Shark. На YouTube може да најдете видеа од 1 час повторување нa Baby Shark. Има мал милион преработки и комбинации

Очигледно, Јужнокорејците ја имаат пронајдено најдобрата формула која ги освојува детските срце ширум светот. Извор:crnobelo.com