12 нови заразени од коронавирус, вкупниот број достигна 148 лица

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата.
По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:- Скопје (88)- Дебар (40) – Куманово (8) – Штип (7)- Кавадарци (2)- Охрид (2)- Гостивар (1)Поради собирање на податоците до 12:00 часот, за деталниот извештај ќе информираме секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот.
