• 22/09/2020

127 години од смртта на Григор Прличев

 127 години од смртта на Григор Прличев
loading...
Advertisement

Денеска се одбележуваат 127-години од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев.

Григор Прличев е еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Роден е во Охрид во 1830, според едни, односно во1831 година според други податоци, каде и починал на 6-ти февруари 1893 година.

Oваа година се одбележуваат и два јубилеи 190 години од раѓањето на Прличев и 160 години од објавувањето на неговата поема „Сердарот“. Со оваа поема Григор Прличев на 25 март 1860 година, ја однесе првата награда на традиционалниот книжевен конкурс во Атина и е наречен „Втор Хомер“. Во поемата се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитува селаните од бандите на Гегите. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк.

Освен Сердарот, Прличев ја има напишано и „Автобиографијата“ која претставува битен историски документ за состојбата во Македонија за време на Отоманската империја во 19 век.

По повод 127 годишнината од смртта на Прличев, денеска се одржа панихида на неговиот гроб, а предвидени се и бројни пригодни манифестации во културните и образовни институции кои го носат името на големиот македонски преродбеник.

Извор:OhridNews