Доаѓа леден бран каков што немало седум години

 Доаѓа леден бран каков што немало седум години

Бран студено време доаѓа од Арктикот, сличен на оној што се случи во 2014 година.

Ледениот бран им се заканува на Северна Америка, Европа и Азија од крајот на јануари.

Во зимата во 2014 година температурите во Чикаго паднаа до -27 степени Целзиусови и не е невообичаено студениот воздух од Арктикот сега да навлезе уште појужно, објави Bloomberg.

Во текот на оваа зима студот генерално не се движи подалеку од Северниот Пол.

Тод Крафорд, водечки метеоролог на IBM, истакнува дека по речиси двегодишна пауза, на северната хемисфера може да ѝ се закани продор на леден воздух од Арктикот.

„Очигледно доаѓа возбудливо време со студени денови и снег“, рече Крафорд.

Метеоролозите не очекуваат брутален студ како оној во зимата 2014 година, но тие предвидуваат дека ледениот бран ќе донесе постудени зимски денови. Студениот воздух веќе навлезе во Западна Европа и Кина.

Во Париз, температурата е за 3,5 степени пониска од просечната за овој период од годината, во Мадрид е дури 6,9 степени Целзиусови постудена од вообичаеното, а во Пекинг температурата падна на рекордно ниско, па во четвртокот беше -9 степени Целзиусови.

Технички, ова се поларни ветрови кои орбитираат околу Арктикот и го одржуваат студот „заклучен“ далеку на север, но со зголемувањето на температурите, познато како нагло стратосферско затоплување, студениот воздух може да го пробие поларниот „oбрач“ и да се упати кон југ.

Тоа носи студено време насекаде на северната хемисфера, иако се чини дека ледениот бран најверојатно годинава ќе трае само во САД. Многу метеоролози сугерираат дека не постои гаранција дека предвидувањата за вакво студено време навистина ќе се остварат.

Од среда попладне снег, за викендот многу студено

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека од утре кај нас ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови.

Поради продор на студена воздушна маса од север в среда попладне и в четврток ќе има локални врнежи, кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.

Почнувајќи од среда минималната температура ќе биде под нулата, во интервал од -2 до -10 степени. Најстудено ќе биде в недела, со минимална температура од -12 до -4 степени. Максималната температура ќе се движи од -5 до 11 степени. В недела максималната температура ќе биде од -7 до 2 степена.

>
>