181 нов случај на ковид 19 во Струга за една недела, вкупно активни случаи има 427

 181 нов случај на ковид 19 во Струга за една недела, вкупно активни случаи има 427

Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини, на кои делува Центар за јавно здравје Охрид.

За период од 21 до 27 ноември 2020 г.

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 251 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје

– Од вкупно земените материјали, 107 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 144 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

– Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РСМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 436 лица и тоа кај 221 лица од општина Охрид, кај 181 лица од општина Струга и кај 34 лица од општина Дебар.

– Во овој период оздравени се 176 лица од Охрид, 115 лице од Струга и 25 лица од Дебар.

– Во овој период починати се 3 лица од Охрид, 3 лица од општина Струга и 2 лице од општина Дебар.

– Активни случаи на 27.11.2020 г. во Охрид се 614, во Струга 427, а во Дебар 91.

Од почетокот на епидемијата до 27 ноември 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 3405 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1551 лица во општина Охрид и Дебрца, 1399 лица во општина Струга и Вевчани и 455 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 949, од Струга се 898, а од Дебар и Центар Жупа се 341 пациенти

-од општина Охрид и Дебарца има 52 починати пациенти, од општина Струга се починати 88, а од Дебар и Центар Жупа се починати 21 лица