20-годишна девојка од Словенија почина две недели по примена вакцина на „Џонсон и Џонсон“

 20-годишна девојка од Словенија почина две недели по примена вакцина на „Џонсон и Џонсон“

Словенија одлучи привремено да ја прекине вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината на производителот „Џонсон и Џонсон“, сѐ додека не се разјаснат околностите за смртта на 20-годишна девојка која починала од мозочен удар две недели по вакцинацијата.

„Се случи сериозен несакан настан по вакцинацијата и случај кој заврши трагично. Изразувам сочувство до роднините на починатата“, рече министерот за здравство, Јанез Поклукар.

Тој додаде дека затоа владата, по предлог на експертската група, донела одлука за привремено прекинување на вакцинацијата со вакцината „Џонсон и Џонсон“.

Вакцинарањето со оваа вакцина нема да биде достапно сѐ додека стручна комисија не ја испита медицинската документација и не утврди дали смртта на 20-годишната девојка е поврзана со вакцината.

>
>