
22 факти за уникатниот начин на живот во Саудиска Арабија и чудните забрани
Во продавниците нема гардеробери, освен во некои од најпознатите брендови од Западот. Жените купуваат облека од око, ја пробуваат дома, па ако не им прилега ја враќаат.
Саудиска Арабија е една од најзатворените земји на светот, таму живеат стотици принцови и принцези, летата се пеколно топли, а локалците организираат натпревари за убавина за камили.
Интересни факти за оваа земја:
Во почетокот на 80-тите властите ги затвориле сите кина и граѓаните можеле да ги гледаат холивудските блокбастери само во соседните земји Дубаи и Бахреин.

Пред неколку години забраната беше тргната, но филмот „Black Panther“ кој беше прикажан пред публиката беше цензуриран, односно беа исечени сите сцени со бакнување.

Главна атракција во земјата се огромните трговски центри со кафулиња, каде што во нормални услови, летно време може да шетате затоа што на улиците е пеколно топло со просечна температура од 39 – 45 °C.

Во продавниците нема гардеробери, освен во некои од најпознатите брендови од Западот. Жените купуваат облека од око, ја пробуваат дома, па ако не им прилега ја враќаат.

Во кафулињата и рестораните има два оддели: за сингл мажи и за семејства. Немажените девојки може да бидат во делот за семејство, но никако не им е дозволено да бидат во делот за мажи.
loading…

Сите обврски се планираат според времето на молење. Се молат 5 пати на ден и животот на земјата сопира во задолжителните термини за молитва и не работат бензинските пумпи, кафулиња и продавници.

До пред само неколку години беше забрането покажување на голи делови од телото во продавниците и магазините, односно беа пребојувани рацете, рамениците, па дури и лицето на девојките.

До пред неколку години туристите не беа добредојдени во земјата, дојденци се примаа само во Мека и Медина.

Сега секој може да аплицира за туристичка виза и на туристките им е дозволено незамисливото – да шетаат без абаја (традиционална наметка што го покрива телото).

До неодамна сите жени во јавност мораа да носат црна абаја, да ги покријат рацете и нивните лица со хиџаб, но сега оваа забрана е тргната, а жените не мора да го кријат лицето, најчесто носат само марама на главата.

Во земјата постои т.н. „полиција на моралот“ која внимава дали жените се соодветно облечени, дали некој продава илегални супстанции и дали паровите непристојно се однесуваат на улица, на пример се држат за раце.

Порано оваа „полиција на моралот“ можеше да ги осуди граѓаните на удари со стап, казна, па дури и затвор, а сега може да даде само усна опомена.

До 2018 година Саудиска Арабија беше единствената земја во светот во која на жените им беше забрането да возат.

До пред само неколку години секоја жена морала да има маж што ќе ја придружува на патувања, на излегувања и при решавање на бирократски проблеми. Тие морале да одат со придружник, на пример сопруг или брат, дури и на бизнис патувања.

Камилите во Саудиска Арабија се прашање на гордост и симбол на земјата, а се одржува и годишен натпревар на убавина за камили, а сопственикот добива огромна парична награда.

Нема доволно камили за сите, па овие животни се увезуваат од Австралија.

Владејачката династија во оваа земја се состои од 15.000 луѓе, па не е чудно ако на улица наидете на некој принц или принцеза, кој/а буквално се расфрла со пари.

Сообраќајот е ужасен и ретко се почитуваат сообраќајните знаци.

Во главниот град Ријад со 9 милиони жители има само 6 автобуски рути, јавниот превоз им е на ужасно ниво.

Интересно е што најпопуларен спорт помеѓу саудиските жени е фудбалот.

Повеќето мигранти живеат во посебни населби заградени со високи ѕидови со своја инфраструктура.

Прават луксузни свадби, но мажите и жените ја слават свадбата посебно, понекогаш дури и во различен ден.
