22 Ноември – Ден на албанската азбука

 22 Ноември – Ден на албанската азбука

Денес се навршуваат 113 години од денот кога во Битола на 22 ноември 1908 година, во зградата каде што бил сместен клубот „Башкими“ се одржа Конгресот за унифицирање на азбуката на албанскиот јазик.

Битолскиот конгрес за создавање на една, единствена азбука на албанскиот јазик се одржа во периодот од 14 до 22 ноември во Битола со учество на, како што се наведува во документираниот повик, Албанци геги, тоски, странци и посебно филозофи кои биле заинтересирани за отвореното прашање.

На Конгресот учествувале 32 делегати со право на глас, претставници на 26 градови и различни албански друштва. Според архивите, претседателството на Конгресот работело во состав Митат Фрашери, претседател на конгресот, Луиѓ Гуракуќи и Ѓерѓ Ќириази, потпретседатели, а функцијата секретар ја вршеле Хил Моси, Тома Аврамии Нужет беј Вриони.

Претседател на Комисијата за унифицирање на азбуката бил Ат Ѓерш Фишта, а членови Луиѓ Гуракуќи, Сотир Пеци, Митат беј Фрашри, Шахин беј Колоња, Димитр Буда, Дом Ндре Мједа, Ѓерѓ К. Ќириази, Бајрам Фехми Топули, Нужет Вриони и Глигор М. Цилка.

Решението на Битолскиот конгрес за азбуката е објавено на отворена седница на 20 ноември, на седмиот ден од Конгресот во претпладневните часови, кога е соопштено дека Комисијата донела Одлука за создавање на унифицирана албанска азбука, потпишана од сите присутни делегати на Битолскиот конгрес. Тој настан се слави и одбележува и денес, а зградата во која се одржал конгресот со одлука на македонската Влада, утврдена е како Национална установа „Музеј на албанската азбука“, основана за заштита, истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување и проучување на музејските предмети значајни за унифицираната азбука на албанскиот јазик. 

извор:TV21

x