22 возачи во Струга казнети поради прекршоци во сообраќај

 22 возачи во Струга казнети поради прекршоци во сообраќај

На 17-ти мај 2021 година, во времето од 07:00 до 12:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се акциски сообраќајни контроли при што, регистрирани и санкционирани се 71 возачи на патнички автомобили кои, во населено и надвор од населено место, ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид 13, Струга 22, Кичево 23 и Дебар 13).

– Истовремено, евидентирани се 14 прекршоци сторени од моторциклисти (Охрид 6, Струга 3 и Кичево 5). Целта на контролите е зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, информираат од СВР Охрид.

>
>