
24 позитивни лица на коронавирус од Скопје слетале на аеродром во Финска
Финскиот надлежен министер денеска посочил дека на аеродромот во Турку во Финска 24 од вкупно 157 патници кои пристигнале со лет од Скопје се позитивни на коронавирус, пишува Ројтерс.
„Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот Турку во Финска во саботата за сите патници кои пристигнаа на лет од Скопје, откако властите проследиле летови од Северна Македонија и Букурешт во Романија, како два главни извори на неодамнешни нови инфекции со корона вирус во Финска“, изјави министерот за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру, пред новинарите.
Тие пишуваат дека министерката најавила воведување на задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од одредени земји со висок ризик.
Задолжителниот двонеделен карантин и можниот случаен тест за коронавирус по пристигнувањето во Финска ќе бидат применливи за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена, соопштија властите.Минатата недела, новите инфекции со коронавирус во Финска биле околу 2,3 на 100,000 жители во текот на последните 7 дена, со вкупно 7.601 случаи и 333 смртни случаи потврдени до понеделник.Киуру вели дека авиокомпанијата ќе мора да им најави на своите патници дека ќе бидат тестирани при доаѓањето на финската територија, а кршењето на двонеделниот карантин ќе се казнува со три месеци притвор или парична казна.