28-годишен охриѓанец ја загуби битката со коронавирусот

 28-годишен охриѓанец ја загуби битката со коронавирусот

Битката со опасниот коронавирус ја загуби 28-годишен охриѓанец. Тој починал во болнички услови. Младото момче било на респираторна поддршка две седмици, но и покрај напорите, лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

Состојбата со Ковид 19 во Охрид и натаму е сериозна. Само вчера беа евидентирани 39 нови случаи, со што бројот на активни случаи во градот се искачи на 876.

Ковид центрите во Општата болница и Кардиолошкиот завод и натаму се оптоварени. Според денешните информации на Министерството за здравство, во ковид центарот во Општата болница се лекуваат 109 пациенти во Ковид 19, а според вчерашниоте информации, во Кардиолошкиот завод има 34 ковид позитивни пациенти.

Во изминатите 24 часа во болниците низ земјава и главниот град е пријавено дека се лекуваат вкупно 1739 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 220 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Извор:OhridNews

x