31 починат, 977 новозаразени од коронавирус

 31 починат, 977 новозаразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-503, Куманово-55, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-45, Тетово-40, Струга-32, Велес-29, Битола-67, Охрид-40, Кавадарци-15, Гостивар-22, Гевгелија-10, Струмица-11, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-4, Берово-1, Валандово-1, Виница-5, Делчево-3, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-22.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти од: Скопје-279, Куманово-43, Дебар-6, Штип-42, Прилеп-32, Тетово-79, Велес-35, Битола-65, Охрид-1, Кавадарци-15, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-12, Кочани-25, Пробиштип-13, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-5, Кратово-10, Свети Николе-3, Кичево-36, Ресен-10, Неготино-11.

Починати се 31 лице, седум пациенти од Скопје (74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64г), двајца од Куманово (76 и 67г), еден од Дебар (71г), двајца од Штип (62 и 67г), двајца од Прилеп (78 и 78г), двајца од Тетово (72 и 76г), двајца од Велес (78 и 78г), четири пациенти од Битола (71, 87, 44 и 67г), три од Охрид (65, 78 и 78г), еден пациент од Кавадарци (72г), еден од Гевгелија (56г), тројца од Кичево (47, 68 и 53г) и еден пациент од Неготино (74г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48613, бројката на оздравени пациенти е 28646, на починати е 1376, а бројот на активни случаи изнесува 18591.

Направените 2930 теста се преку: ИЈЗ-595, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-285, Биотек-400, МАНУ -284, Жан Митрев (Филип Втори)-378, Систина со PCR метода -333, лабораторија Лаор –71, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-7, ГАК-0, Синлаб-47, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ (рапид тест) -304, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 296.802 тестирања на Ковид -19.