383 нови случаи на Ковид-19, 5 во Струга, седум починати и 95 оздравени

 383 нови случаи на Ковид-19, 5 во Струга, седум починати и 95 оздравени

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 383 нови случаи на Ковид-19, седум болни починале, а оздравени се 95 пациенти.

Од направените 1.648 тестирања, регистрирани се 383 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-201, Куманово-11, Штип-21, Прилеп-20, Тетово-8, Струга-5, Велес-9, Битола-12, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-7, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-2, Неготино-3.

Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од кои во Скопје-43, Куманово-6, Штип-3, Тетово-10, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-1, Гевгелија-3, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-8, Берово-2, Валандово-3, Свети Николе-2 и Кичево-2.

Во болнички услови починале седум лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951. Денеска се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 8.478, активни 1.743

• Куманово 1.879, активни 172

• Дебар 294, активни 36

• Штип 1361, активни 119

• Прилеп 813, активни 176

• Тетово 1585, активни 210

• Струга 720, активни 63

• Велес 378, активни 56

• Битола 388, активни 105

• Охрид 463, активни 48

• Кавадарци 278, активни 60

• Гостивар 978, активни 75

• Гевгелија 201, активни 95 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 428, активни 264

• Крива Паланка 152, активни 48

• Радовиш 139, активни 57

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 495, активни 219

• Пробиштип 129, активни 22

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 96, активни 3

• Пехчево 48, активни 5

• Берово 147, активни 54

• Валандово 65, активни 45

• Виница 131, активни 41

• Делчево 187, активни 96 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 27, активни 3

• Свети Николе 401, активни 68

• Кичево 357, активни 35

• Ресен 170, активни 11

• Неготино 67, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.648 теста се преку: ИЈЗ-517, ЦЈЗ Скопје-105, Авицена-425, Биотек-144, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -108, Систина со PCR метода -136, лабораторија Лаор –111, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-4, ГАК-4 и Синлаб-24. Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 58 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и пет мајки позитивни на ковид-19, а нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири, а вкупно се хоспитализирани 41 пациент. На респиратор се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 195, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

>
>