Изграден уште еден крак од пешачката патека во стариот дел на градот

Изграден уште еден крак од пешачката патека во стариот дел на градот

Деновиве заврши изградбата на пешачката патека во стариот дел на градот, што води од Саат кулата до Горна порта. Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри, што ја спојува патеката со улицата “Св. Кирил и Методиј“.

Инвеститор на овој проект е Центарот за развој на југозападниот плански регион, со средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Вредноста на целиот проект е 11 милиони и 500 илјади денари, од кои 3 милиони се издвоени за оваа патека.

Патеката е изградена од природни материјали, а в долж истата се поставени и 24 автентични канделабри, информира Локалната самоуправа Охрид.

Извор:OhridNews