5 причини зошто треба да консумирате млад кромид, особено зелениот дел

5 причини зошто треба да консумирате млад кромид, особено зелениот дел

Пристигнува сезоната на младиот кромид кој многумина го сакаат поради вкусот, но не знаат дека е вистинска ризница на витамини и минерали, како и дека е одличен во зачувување на здравјето на целиот организам.

Особено добар за здравјето е зелениот дел од овој моќен зеленчук.

Ова се петте причини зошто е добро редовно да консумирате млад кромид:

Го штити срцето

Младиот кромид е богат со антиоксиданти кои ги штитат клетките во телото од оштетувања предизвикани од дејството на слободните радикали. Покрај тоа, постојат индикации дека младиот кромид може да го регулира нивото на крвниот притисок, но и да го намали ризикот од појава на крвни згрутчувања.

Добар е за видот

Младиот кромид штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на рожницата. Содржи витамин А кој е важен за производството на протеини во очите, заслужни за добриот вид. На луѓето на кои им недостига овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден млад кромид содржи околу 3 отсто од дневните потреби за витамин А.

Ги зајакнува коските

Витамините Ц и К со кои изобилува младиот кромид се добри за заштита на коските. Еден млад кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу 2 отсто на витамин Ц.

И двата витамини се важни за густината и цврстината на коските, а недостигот од истите ја зголемува шансата за развој на остеопороза и скршеници.

Ги регулира холестеролот и шеќерот во крвта

Во овој случај, зелениот дел на кромидот е многу моќен. Истражувањата велат дека младиот кромид поволно делува на нивото на холестерол и шеќер во крвта.

Го подобрува квалитетот на кожата

Младиот кромид му помага на телото во производство на колаген кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е заслужен за забавување на појавата на брчки на лицето и е главна состојка во многу козметички препарати. Ако сакате младешки изглед, младиот кромид треба редовно да биде присутен на вашата трпеза.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds