535 заразени за 24 часа – нов црн рекорд во Македонија, 6 лица починаа

535 заразени за 24 часа – нов црн рекорд во Македонија, 6 лица починаа

Во текот на последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, при што се регистрирани 535 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 277 -Куманово 17 -Дебар 7 -Штип 22 -Прилеп 26 -Тетово 18 -Струга 8 -Велес 10 -Битола 13 -Охрид 4 -Кавадарци 4 -Гостивар 5 -Гевгелија 24 -Струмица 30 -Крива Паланка 2 -Радовиш 6 -Кочани 12 -Пробиштип 3 -Демир Хисар 2 -Македонски Брод 1 -Валандово 5 -Виница 1 -Делчево 1 -Свети Николе 9 -Кичево 15 -Ресен 8 -Неготино 5

Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66 години), Куманово (57 години), Прилеп (72 години), Свети Николе (69 години), Велес (67 години) и Неготино (55 години).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од: – Скопје 68 – Штип 4 – Прилеп 14 – Тетово 11 – Струга 4 – Велес 5 – Битола 10 – Охрид 2 – Кавадарци 2 – Гостивар 3 – Гевгелија 5 – Струмица 8 – Кочани 14 – Пробиштип 1 – Берово 5 – Виница 4 – Делчево 2 – Свети Николе 3 – Кичево 1 – Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на COVID-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.170, бројката на оздравени пациенти е 16.758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.597.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds