
6 несекојдневни крајбрежни градови во Европа кои вредат да се посетат
Кога мислите на крајбрежно место за посета, прво на памет што ви доаѓа е Калифорнија или пак некои далечни острови. Некои туристи пак сакаат да направат голема тура низ Европа со главен фокус на космополитенските градови како Париз и Лондон.
Зошто пак да не ги искомбинирате овие две идеи со цел да одберете крајбрежен град во Европа како ваша следна дестинација? Замислете на можностите кои може да ги создадате при еден ваков одмор, како на пример Медитерански острови, морска храна, старовековна архитектура.
Доколку немате одредено дестинација за следниов период, ви препорачувам најпрвин да ги посетите 6те несекојдневни крајбрежни градови во Европа кои ќе ви ги прикажеме во продолжение.
1. Saint Melo, Франција

Јужниот дел од Франција секогаш претставувал главна дестинација кај туристите, благодарејќи на убавите градби и прекрасното море, но ова крајбрежно, пиратско градче во северниот дел на Франција стварно претставува уметност. Заобиколен е со големи ѕидови, поради брановите кои поминуваат низ градот секоја вечер. Навечер, ова место е специфично поради џез музиката и популарните морски ресторани кои го збогатуваат овој град.
2. Трогир, Хрватска

Сплитско совршенство кое дава убавина и гламур со некојдневните архитетски градби. Овој град порано бил дел од Венеција, па затоа може некаде да го сретнете и под името ” Мала Венеција “. Содржи комбинација на барок, ренесанса и романса што ја прават оваа дестинација богата и атрактивна.
3. Портри, Шкотска

Доколку сакате да одите на креативно место надвор од вашите граници или пак романтичен одмор ма кој не ви е потребен вашиот мобилен, тогаш Портри, Шкотска е правиот избор. Овој тивок град е многу мал по број на жители, збогатен со мали фраерски куќички и зелена природа која го прави ова место атрактивно за голем број на туристи.
4. Кефалу, Сицилија

Италија е најпозната по убавите крајбрежни градчиња, па затоа тешко е да го одбереме правиот град кој би влегол во оваа листа. Сепак, Кефалу кој се наоѓа на Сицилијанското крајбрежје е главен фаворит меѓу Европејците. Покрај неговата арапска архитектура, оваа дестинација е специфична поради прекрасните плажи кои се распространети низ целиот град.
5. Оиа, Грција

Кога зборуваме за Санторини како главна летна дестинација, ние всушност мислиме на Оиа. Ова место е специфично поради бело-плавите градби обиколени со плави цркви кои се изградени на самиот брег. Доколку сте фан на историјата, може да ги посетите Венецијската палата и Бизантискиот храм кои претставуваат главни археолошки места во Грција.
6. Тромсо, Норвешка

Тромсо е едно од местата каде можете најубаво да ги видите Северните светла. Најдобро може да ги фатите меѓу месец Октомври и Март. Оваа дестинација е специфична за зимскиот период каде може да гледате кучиња на санки или пак китови, без разлика на големата надморска височина.