60 стружани даруваа крв

 60 стружани даруваа крв

Стружани денеска изразија одличен одзив за дарување крв и конвалесцентна плазма, која спасува животи и со тоа уште еднаш покажаа солидарност и грижа едни за други особено кога се работи за спасување човечи живот.

Само за неколку часа над 60 лица даруваа крв, а меѓу нив имаме и дарители на конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19 во рамки на денешната крводарителска акција која се одржа во просториите на струшката болница,службата за трансфузија.

Изразуваме огромна благодарност за хуманите дарители кои преку овој највисок чин на хуманост им помагаат на пациентите кај кои е неопходно изјави директорот Арменд Арслани.

Сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за подетални информации во оваа служба со цел да помогнат во лекувањето и третманот на нашите пациенти.

>
>