64 активни случаи со Ковид 19 во Струга

 64 активни случаи со Ковид 19 во Струга

Coronavirus virus outbreak and coronaviruses influenza background as dangerous flu strain cases as a pandemic medical health risk concept with disease cells as a 3D render (Coronavirus virus outbreak and coronaviruses influenza background as dangerous

Во период од 19 до 25 септември Центарот за јавно здравје Охрид за тестирање на присуство на Ковид 19 земени се материјали од 131 лице во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, кои се анализирани во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје.

Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, дијагностицирано е присуство на Ковид 19 кај вкупно 44 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид,  21 лице од општина Струга и кај 7 лица од општина Дебар. Во овој период оздравени се 17 лица од Охрид, 24 од Струга и 4 од Дебар. Починати се 6 лица и тоа 2 од општина Охрид, 2 од општина Струга и 2 лица од општина Дебар. Активни случаи во Охрид се 52, во Струга 64, а во Дебар 41. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 25 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 1359 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 417 лица во општина Охрид и Дебрца, 660 лице во општина Струга и Вевчани и 282 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 352, од Струга 532, а од Дебар и Центар Жупа 263 пациенти.  Во општина Охрид и Дебарца има 20 починати пациенти, во општина Струга се починати 59, а во Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица, соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.

извор:OhridNews