„70% од гостите се со туристички ваучер“ – Дали туристичките ваучери им помогнаа на Струга и Охрид?

IslBG

„70% од гостите се со туристички ваучер“ – Дали туристичките ваучери им помогнаа на Струга и Охрид?

Угостителските објекти во земјата откако се појави Ковид-19 беа затворени неколку месеци по ред, но пред да почне летната сезона тие се отворија со посебни протоколи.

ТВ21 на почетокот на туристичката сезона посети неколку угостители кои беа разочарани поради слабата сезона но сега, на крајот на сезоната, изгледа работите се смениле.

Владата на Македонија на граѓаните со ниски приходи одлуки да им додели туристички ваучери кои можат да се користат само во домашните туристички капацитети, и со тоа угостителските објекти во земјата задоволни ја завршија оваа летна сезона.

Илче Димитриевски, менаџер на хотел во Охрид, рече дека со оглед на тоа дека границите се затворени, ваучерите кои ги додели Владата им помогна да спасат дел од сезоната бидејќи граѓаните летните одмори ги поминаа во Охрид и Струга. Тој рече дека 70% од гостите биле со туристички ваучер.

„Имаме доволно гости со туристички ваучер, еве да кажам дека можеме да спасиме дел од туристичката сезона бидејќи ги немаме тие странски закупи на странските агенции со тур оператори, групи од Полска, Холандија и руски групи. Така да за овој период, сега засега ние сме задоволни од мерките кои ги донесе Владата“, истакна Илче Димитриевски.

Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека овие ваучери и помагале на домашниот туризам и истовремено им дал можност на семејствата со ниски примања да одат на летување.

„Над 25 илјади се искористени од страна на граѓаните на Северна Македонија во угостителските објекти во РСМ. Секако дека тоа му помогна на туризмот и истовремено и на граѓаните со пониски приходи, со цел и тие да имаат можност да одат на летен одмор“, посочи Крешник Бектеши.

Министерството за економија додели 115000 туристички ваучери со вредност од 6000 денари за лицата кои имаат минимални примања, а рокот за искористување е до 15 декември.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds