92-годишен дедо го пости 80-тиот Рамазан

 92-годишен дедо го пости 80-тиот Рамазан

Дедо Расим има 92 години,според изводот од матична книга на родените. Но,  можно е да има и повеќе бидејќи во Втората Светска војна изгореле документите, а кога имал 15 години го завеле повторно, вели тој.

Иако на оваа возраст и со здравствени проблеми, тој пости и се моли, а вели дека пости над 80 години. Слободното време го минува резбајќи, хоби со кое се занимава од мал.

„Има над 80 години, уште како мал, кога бев во војска, јас и уште неколкумина од Прилеп почнавме да постиме. 3 дена постевме и ни дадоа забелешка, за малку ќе не испратеа во затвор. До денес јас не престанав да постам, сум работел, и времето било жешко особено преку лето, два пати сме биле во Букојчани за работа, и постев“, истакна Расим Садику.

Тој вели дека работел државна работа во Тајмиште,над 40 години, во централата за изградба тунели во Кичево. Тој потсетува и на периодот кога во 1945 се разболел од тогашната епидемија Тифус, но вели дека не било толку тешко како Коронавирусот и не траело толку долго.

„Имаше болест наречена Тифус, ни отежна многу но не траеше толку долго, 2 или 3 месеци и потоа исчезна“, вели Расим Садику.

Тој рече дека до денес не се заразил со Коронавирусот и се пази бидејќи се плаши да не с е зарази. Се уште не го повикале да се вакцинира, а кога го прашавме дали ќе се вакцинира, тој се насмевна и рече дека не знае што ќе прави.

„Се плашам но немам што да правам, кога ќе дојде, ќе дојде“, вели Расим Садику.

Тој многу јасно се сеќава на Втората светска војна која започнала во 1939 и траела до 1945. Вели дека страдале многу до тој степен што излегувале на улица да просат за леб, а кога се вратиле во селото по една година, селото Колари било пеплосано.

„Овде немаше ништо, се беше сторено пепел, беше останало само малку стебла од пченка, во нивата на Зеќир, а ние седевме во една колиба, ги храневме кучињата, ја саниравме со трска и седевме таму….“, истакна Расим Садику.

Извор:Тв21

>
>