Зелениот чај е најдобар и најздрав, велат нутриционистите

 Зелениот чај е најдобар и најздрав, велат нутриционистите

Многумина сакаат да испијат шолја чај додека се релаксираат, а нутриционистите открија дека зелениот чај е најздравата опција бидејќи може да го подобри целокупното здравје.

Според бројни студии,зелениот чај на телото му овозможува бројни здравствени придобивки. Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои можат да помогнат во спречувањето на хронични болести, а може да помогнат и во процесот на слабеење.

„Зелениот чај содржи полифеноли, антиоксиданси кои се борат против слободните радикали и кои помагаат во спречувањето на хронични болести“, објасни д-р Лиса Јанг.

Растителните чаеви како чај од камилица или нане можат да помогнат во ублажување на дигестивните проблеми и болки во желудникот, па затоа се добра опција, но нутриционистот Ејми Гудсан истакнува дека зелениот чај е „оној вистинскиот“ бидејќи ги ублажува воспаленијата во целото тело благодарение на полифенолите.

Покрај антиоксидативните својства, зелениот чај може да помогне и во слабеењето. Канадски фармацевтски весник објави студија во која истражувачите 12 недели ги следеле испитаниците кои пиеле зелен чај и оние кои не пиеле.

Во студија објавена во Nutrition Journal се наведува дека зелениот чај исто така го подобрува нивото на холестерол, што доведува до намален ризик од развој на кардиоваскуларни болести.

Друга студија на Универзитетот во Базел, Швајцарија сугерира дека зелениот чај е добар за мозокот и когнитивните функции.

Што да избегнувате кога пиете чај?

Многумина додаваат шеќер, но треба да бидете внимателни со шеќерот. Гудсан советува да го засладите со додавање на агаве сируп или мед. Не само што чајот ќе биде сладок, туку и здрав. Може да изедете и неколку коцки темно чоколадо за да внесете повеќе антиоксиданси во телото, пишува Eat This, Not That.

x