Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и штедење

Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и штедење

Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува од криза, како прехранбена така и енергетска, на есен, апелирајќи граѓаните да бидат одговорни и да штедат кога се во прашање горивото и електричната енергија.

– Не е ова апел да се променат навиките, но, едноставно сите во светот ги чека тешка година. Црна Гора нема да биде заобиколена. Верувам дека и оваа ситуација ќе ја надминеме, изјави Абазовиќ, јавија медиумите во Подгорица.

По разговорот со финскиот колега, Абазовиќ истакна дека граѓаните треба да го прифатат фактот оти Владата прави сè што е во нејзина моќ, но, не може да ја запре војната во Европа.

– Нема да имаме само енергетска криза, ами и прехранбена. И сериозните земји сериозно размислуваат за тоа. Ќе ги преземеме сите мерки, и сега ги преземаме. Веќе имавме иницијатива за акцизна политика, појасни Абазовиќ.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy