Адеми: Наставата ќе продолжи преку платформата www.eduin.gov.mk

Адеми: Наставата ќе продолжи преку платформата www.eduin.gov.mk

Владата и Министерството за образование ја одобри првата национална платформата за далечинско учење. Веќе се пријавени повеќе од 600 наставници кои ќе ги снимат методските единици за сите премети. Оваа платформа, www.eduin.gov.mk, ќе биде во употреба од утре, изјави денеска министерот за образование Арбер Адеми.

Министерот рече дека за изработка на оваа платформа се користеа искуствата од земјите во регионот, особено во Хрватска. Оваа платформа е изработена во соработка со Бирото за развој и УНИЦЕФ.

„Јасно е дека сите образовни установи нема да бидат отворени и во наредниот период нема да продолжат со регуларна настава. Но, ова не значи дека учебната година треба да ја прогласиме за завршена. Затоа Владата и Министересгвото заобразовани и со поддршка на УНИЦЕФ и граѓански организции понудивме мерки за продолжување на наставата со учење од дома. Наставниот кадар ќе реализра настава, вежби тестирања и оценки за објективно оценување“, изјави Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се организира наставата во региони каде што нема интернет, Адеми рече дека според информациите од Министерството за информатичко општество и администрација, целата територија на државата е покриена со Интернет и дека добар дел од учениците и студентите имаат ИТ уреди.

„Не зборуваме за софистицирани уреди, но наставата која се нуди може да се следи и преку паметни телефони и мислам дека нема да има огромен проблем. Но, им стоиме на располагање на сите кои имаат таков проблем да го пријават во МОН“, рече Адеми.

Еден од начините за надминување на овој проблем, според него, е обезбедување ваучери онаму каде што има проблем со интернетот.

Што се донесува до начинот на оценување на учениците, Адеми вели дека допрва се подготвува упатство.

Државната матура и уписот на факултетите, пак, како што рече Адеми, ќе се организира во зависност од околностите.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds