Ахмети во Струга: Нов мандат на Мерко за решавање на еколошките и довршување на урбаните проекти

 Ахмети во Струга: Нов мандат на Мерко за решавање на еколошките и довршување на урбаните проекти

Барајќи ја довербата на стружани за кандидатот на ДУИ за претстојните локални избори на 17 октомври, тој нагласи дека Мерко има направено многу за Струга, но, како што рече, има уште многу работа да завршиме.

  • – Проектите во овој мандат се толку големи. Треба да заврши целото поглавје со отпадните води и регулирање на целиот отпад, на национално ниво. Овој мандат е дел од поглавјето што ја регулира животната средина и се совпаѓа со нашата Зелената агенда за почиста средина и поквалитетен живот. Токму, ова е мандатот кога ќе го реализираме Коридорот 8, кој е сон на Албанците, што ги поврзува Скопје-Драч-Приштина, рече Ахмети.

Кандидатот за градоначалник Мерко, ги повика стружани да гласаат за број 3, потсетувајќи дека изминатите четири години зад него стојат повеќе од 100 реализирани проекти.

  • – Зад нас се над 100 проекти што го носат нашиот печат. Сведоци сме дека направивме многу голема работа, Струга се смени и доби поубав поглед, станувајќи урбан и модерен град, со главни патишта што го разубавија градот, давајќи му поглед на туристички град, рече Мерко.

Носителката на листата кандидати за советници Арбреша Влаши вети дека ќе ја направат Струга подобро место за живеење и со сигурна иднина.

  • – Ова е мандат за вистинска промена, за заштита на животната средина, за користење на обновливи ресурси, инклузивна демократија, дигитализација и социјална, образовна, економска поддршка. Заедно можеме да го постигнеме она што другите велат дека е невозможно. Едно подобро место за живеење, посигурна иднина и зелена Струга, рече Влаши.

>
>