Акција на МВР во Кичевско: Пронајдена е голема количина на оружје – „калашникови“, митралези, пиштоли, бомби, муниција…

 Акција на МВР во Кичевско: Пронајдена е голема количина на оружје – „калашникови“, митралези, пиштоли, бомби, муниција…

Две лица завршија во притвор, а запленета е поголема количина на оружје во акцијата која ја спроведоа припадници на Министерството за внатрешни работи во кичевското село Србица.

Припадници на одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ОВР Кичево и ОВР Гостивар вчера упаднаа дом и помошни простории на Х.И. (27) и А. И.(52), син и татко во село Србица.

При претресот била пронајдена голема количина на оружје и муниција – од калашњикови, полуавтоматски пушки и пишкомитролез, па сѐ до противавионски митралез “DSK”.

„При претрес на домот и помошните простории на Х.И. (27) и А. И.(52) во с. Србица, пронајдени и одземени се четири автоматски пушки ‘калашников’, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитролез со добош за муниција, два митралеза од кои еден митралез марка М 53, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постолје ,цевка од тежок митролез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3 500 куршуми 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети“, соопштија од МВР.

„Мерките и активностите за расчистување на овој случај продолжуваат и денеска, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и ќе бидат предадени на јавното обвинителство“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.