
Акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид во Струга казнети 33 возачи
На 28-ми септември 2021 година, во периодот од 13:00 до 19:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
– Притоа, полициските службеници регистрирале 48 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено место (Охрид 16, Струга 22 и Кичево 10) и 51 надминување на дозволената брзина надвор од населено место (Охрид 20, Струга 11, Кичево 2 и Дебар 18). На возачите им се поднесени прекршочни платни налози, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР