Акциска контрола за пешаци – Во Струга се констатирани 13 прекршоци

 Акциска контрола за пешаци – Во Струга се констатирани 13 прекршоци

На 02.02.2021 година во времето од 08 до 12 часот, на подрачјето на СВР Охрид беше спроведена акциска контрола во однос на прекршоци што пешаците ги чинат во сообраќајот. Притоа, во Охрид беа регистрирани 22 прекршоци. Во Струга, полициските службеници констатираа 13 прекршоци, во Кичево, регистрирани се 14 прекршоци и 2 прекршока во Дебар. По констатираните прекршоци, на пешаците им се издадени прекршочни платни налози.

>
>