Акциски контроли на СВР Охрид- Во Струга тројца возачи возеле во алкохолизирана состојба

 Акциски контроли на СВР Охрид- Во Струга тројца возачи возеле во алкохолизирана состојба

На 6-ти јуни 2021 година, на подрачјето на СВР Охрид беа спроведени засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници констатирале дека шест возачи на патнички возила управувале возила по дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај (Охрид 3 и Струга 3). Во Охрид, санкционирани се три мотоциклисти кои управувале мотор без заштитна кацига (шлем). Во Дебар, полициските службеници евидентирале 18 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење (5 во и 13 надвор од населено место), а во Кичево 9 возачи кои во населено место управувале моторно возило со поголема брзина од пропишаната. За сите прекршоци поднесени се соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

>
>