Ако сте пушач, овие 3 намирници ќе ви помогнат да ги исчистите белите дробови

 Ако сте пушач, овие 3 намирници ќе ви помогнат да ги исчистите белите дробови

Најдобрата опција е да престанете со пушење, но доколку сè уште не сте подготвени да го сторите тоа, тогаш треба да внимавате на вашата исхрана за да го подобрите здравјето на белите дробови.

Во неодамнешното истражување учествувале 680 луѓе: пушачи, непушачи и луѓе кои неодамна престанале да пушат. Тие требало да одговорат на прашања поврзани со нивната исхрана и требало да направат тест кој го мери функционирањето на белите дробови. Го повториле тестот 10 години подоцна.

Истражувачите дошле до заклучок дека поранешните пушачи го подобриле здравјето на белите дробови со тоа што консумирале банани, јаболка и домати.

Ова е од исклучителна важност бидејќи стареењето и пушењето се најголема причина за намалување на функцијата на белите дробови. Овие намирници содржат антиоксиданти кои го намалуваат воспалението на белите дробови и го подобруваат нивното функционирање.

Втората група на антиоксиданти се нарекуваат флавоноиди и имаат важна улога за белите дробови. Овие состојки се наоѓаат во голем број овошје и зеленчук.

Овие намирници го обновуваат оштетеното ткиво во белите дробови кое настанува поради долгогодишното пушење.

Со откажување од пушењето се намалува ризикот од добивање рак на белите дробови за 52 отсто.

>
>