• 24/09/2020

Актерот Салаетин Билал си замина пред да го види својот последен филм, „Дедо и внук“

 Актерот Салаетин Билал си замина пред да го види својот последен филм, „Дедо и внук“
loading...
Advertisement

Охрид, 3. декември 2019 година

Беше вистинско задоволство да се работи со еден од доајените на македонскиот филм. Човек од кого може многу да се научи, не само за филмот, туку и за животот воопшто.

Вака режисерот Илија Пиперковски се сеќава на деновите поминати при снимањето на неговиот последен филм „Дедо и внук“, во кој забележителна улога има и Салаетин Билал, големиот актер кој замина пред да го види својот последен филм.

Билал почина по долго боледување, на 76-годишна вораст, на 10-ти мај 2018 година. Зад себе остави наследство од седумдесет одиграни театарски ролји на македонските професионални сцени, 40 телевизиски и филмски улоги кои ја одбележуваат неговата респектабилна кариера.

Премиерата на филмот „Дедо и внук“ ќе се одржи во петок, на 6-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, по која следува и кино дистрибуција низ целата држава. 

Покрај Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. (Крај)