Активирана велосипедската полициска патрола во Струга

 Активирана велосипедската полициска патрола во Струга

Во Струга полицијата ќе патролира и на велосипеди, со што ќе се обезбеди поголема мобилност од страна на службениците.

ОВР Струга во своето редовно полициско работење ја активираше велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните што, треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба  во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и субјект за поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи,информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Патролата е ефикасна во спречување, откривање и пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и паркинг простори и на други други разни казнени дела.  Велосипедската патрола ќе придонесе за афирмација на велосипедизмот како спортска дисциплина и здрав начин на живот и ќе го зацврсти позитивниот имиџ за полицијата во јавноста.

извор:OhridNews

x