Активности на здружението ,,Мозочен удар,, во тек на пандемија ПРОЕКТ КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО

 Активности на здружението  ,,Мозочен удар,, во тек на пандемија ПРОЕКТ КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО

Пандемијата COVID-19 според светската организација за мозочен удар (World Stroke Organization) , која ги мониторира искуствата низ светот, значајно се одразува на здравствената услуга која им се пружа на болните со мозочен удар .

Утврдено е дека лицата со церебро-васкуларни болести  се особено подложни на развој на компликации и смрт кога страдаат од инфекција COVID-19 . Но, пандемијата има многу пошироко влијание врз грижата за болните со мозочен удар. Присутно  е значително отежнување при пружање на здравствените услуги поврзани со мозочните удари. Причини  за тоа се влијанието на редистрибуција на здравствените ресурси како и мерките за управување со потенцијално заразени пациенти, но и стравот на болните од посета на здравствените установи поради можност за зараза со Covid 19.

         Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, согласно со препораките на светската организација за мозочен удар во изминативе месеци се вклучи со повеќе активности во мисијата да се подобри статистиката при оваа болест.

 Во тек е проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО Interreg -IPA CBC при што  континуирано се организираат активности, преку кои јавноста се информира за проблемите на болните од мозочен удар и при тоа се нудат практични  совети во однос на раното препознавање на знаците на мозочен удар како и потребата од брза реакција и упатување во соодветен центар, потребата од ран скрининг на ризикот, но и поддршка на  болните во однос на менаџирање на хроничните тегоби настанати по мозочен удар како спастицитет, болка, депресија , деменција и сл.

Здружението ,,Мозочен удар,,  сите активности и ресурси како лабараториската опрема  и медицинското амбулантно возило набавени во прекуграничниот проект  КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО Interreg –IPA CBC, ги пренасочи според потребите на населението во нашиот регион и се вклучи во транспорт на најранливите категории граѓани до здравствените институции.

Преку ZOOM платформата допревме до повеќе од  200 лица кои директно или индиректно се поврзани со мозочниот удар. Активистите на здружението постојано беа во контакт со заболените и нивните семејства и континуирано ја следеа состојбата на болните во регионот на југозападна Македонија. Исто така ,здружението направи обид да не ги остави настрана ниту  најосетливите категории на нашите штитеници, и во неколку акции подели помош од храна и основни продукти на социјално загрозените.

>
>