Албанија денес преку Ковакс доби 38.400 вакцини АстраЗенека и започнува со вакцинација на учителите и наставниците

 Албанија денес преку Ковакс доби 38.400 вакцини АстраЗенека и започнува со вакцинација на учителите и наставниците

лбанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу на Твитер соопшто дека Албанија денес преку Ковакс доби 38.400 вакцини АстраЗенека и започнува со вакцинација на учителите и наставниците.

Синоќа и албанскиот премиер Еди Рама објави на Фејсбук дека во неговата земја ќе пристигне пратка со вакцини од „АстраЗенека“.

– Добра вест. На 12 март (утре) ги добиваме првите 38.400 дози вакцини од „АстраЗенека“ и веднаш почнуваме со имунизација на просветните работници, напиша Рама.

Албанија со Ковакс механизмот има потпишано договор за 1.114.000 милиони дози на вакцини за што се платени со 3,9 милиони долари.

Досега вакцинирани се над 22.000, главно здравствени работници и постари лица од 80 години.

>
>