Албанија има светски шампион во бокс (ВИДЕО)

 Албанија има светски шампион во бокс (ВИДЕО)

Робин Красниќи (33) стана првиот шампион во бокс од Албанија. Тој изненадувачки го нокаутира фаворитот Доминик Бозел на гала вечерта во Германија.

Красниќи ја освои титулата на ВБА во тешка категорија, откако во третата рунда го нокаутира Германецот, кој досега беше привремен носител на појасот.

Албанецот успеа да го разниша шампионот, а момент подоцна го нокаутира со брутално кроше.

>
>