
Албанија ја затвори границата со Косово
Властите во Албанија донесоа одлука привремено да ја затворат границата со Косово, како дел од превентивните мерки против ширење на коронавирусот.
Националниот центар за управување со границите, кој работи во рамките на Министерството за внатрешни работи на Косово, објави дека влезот во Албанија ќе биде забранет за сите граѓани, односно за косовските возила, од 13 март во 6 часот наутро, пренесе Радио слободна Европа.
„Ќе биде дозволен само влез на амбулантни возила или возила на брза помош, комерцијални возила и владини возила. Оваа мерка ќе трае до полноќ на 15 март“, се додава во соопштението.
Владата во Албанија, исто така, го забрани сообраќајот на јавни и приватни возила во Тирана, Драч, Скадар, Лежа, Елбасан, Фиела и Валона.