• 28/09/2020

Албанија отвора конзулат во Струга

 Албанија отвора конзулат во Струга

DCIM100MEDIADJI_0056.JPG

loading...
Advertisement

Албанската Влада денеска одобри отворање Генерален конзулат во Струга.

Според Законот за дипломатско-конзуларни претставништва на Албанија, на предлог на премиерот и на министерот за Европа и за надворешни работи, Советот на министрите реши да отвори конзулат во македонскиот град на Охридско Езеро.

Трошоците за отворање и за вработување персонал ќе бидат на товар на буџетот за оваа година и веќе се одобрени од Министерството за Европа и за надворешни работи.